December 7, 2021 04:04
Спорт

Челзи убедлив против Малме, ама ги загуби Лукаку и Вернер

Челзи убедливо го совлада шведскиот Малме (4:0) во 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, но загуби двајца стандардни напаѓачи, Ромелу Лукаку и Тимо Вернер. Белгискиот интернационалец Лукаку го напушти теренот во 23. минута, а Германецот на минута пред крајот на првото полувреме.

Сепак тренерот Томас Тухел по мечот изјави дека повредите не сериозни и рехабилитацијата на двајцата напаѓачи нема да трае долго. Лукаку го повредил зглобот, а Вернер истегнал мускул.

-Мислам дека ќе бидат надвор од теренот само неколку дена, но не знам колку точно. Тоа е лошо, бидејќи тоа се играчи во добра форма. Креираат шанси и постигнуваат голови, а пред нас се многу натпревари. Мора да најдеме решение. Ќе ни треба помошта од оние кои чекаат шанса. Сите се во конкуренција. Тие кои ќе го започнат натпреварот ќе ја имаат нашата доверба. Во секој случај мораме да се избориме со тоа. Ова се работи кои се случуваат во текот на сезоната. Нема да бараме изговори, изјави германскмиот стратег Тухел.