April 14, 2021 13:46
Спорт

Челзи под водство на Тухел го освои „Енфилд“

Во дербито на 29. коло од англиската фудбалска Премиер лиг одигран на „Енфилд“, минимален триумф забележа гостинот Челзи против актуелниот првак Ливерпул (0:1).Стрелец на единствениот погодок за лондонските „сини“ за 13. победа сезонава беше Маунт во 42 минута.Ливерпул го загуби и петтиот лигашки меч во низа одигран на домашен терен.

Претходно мержата на „црвените“ ја затресе Вернер во 24 минута но  по кинтервенција на ВАР- собата голот беше пониште поради офсајд.

По оваа пресметка тимот на Челзи предводен од новиот тренер, германскиот стартег Томас Тухел е на четвртото место со 47 бодови, додека Ливеерпул на Јирген Клоп е на седмата позиција со 43 бода.