Спорт

Челзи може да го отпушти Сари, без разлика дали ќе ја освои Лигата на Европа

Има голема веројатност менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, да биде отпуштен по крајот на сезоната.

Роман Абрамович, сопственик на тимот од Лондон, има намера да се раздели со италијанскиот стратег, па дури и Челзи за да ја освои Лигата на Европа, пишува „Газета дело Спорт”.

Главната причина за евентуална разделба е лошата врска меѓу навивачите на Челзи и Сари. Приврзаниците не се задоволни со стилот на игра, наметнат од Италијанецот. Улога одиграле и конфликтитекои ги има поранешниот тренер на Наполи со дел од играчите на тимот, за кои тој во текот на сезоната изјавуваше дека не се трудат доволно.

Челзи оваа сезона заврши на третото место во Премиер Лигата и ќе игра финале во Лигата на Европа против Арсенал.

Нови вести

Рома ја одби понудата на Вест Хем за Џеко

Igor

Јунајтед нуди 45 милиони евра за Дембеле

Igor

Интер сака да го врати Ковачиќ на „Меаца”

Igor