February 24, 2019 05:00
Фудбал

Челзи има план: Зола како замена на Сари до крајот на сезоната

Раководството на Челзи полека станува незадоволно од работата на Маурицио Сари во последните два месеци, и размислува за промена на тренерската позиција, иако претходно неколкупати беше напоменато дека клубот стои зад Сари со целосна доверба.

Италијански весник пишува дека Сари е во тешка позиција по катастрофалниот пораз од Манчестер Сити и во моментов ја чека одлуката од сопственикот на клубот, Роман Абрамович, која ќе ја одлучи неговата иднина во Лондон.

Ако на Маурицио Сари му биде врачен отказ, екипата до крајот на сезоната би требало да ја преземе неговиот сегашен асистент Џанфранко Зола, по што би следувало назначување на големо тренерско име. Сличен случај сезонава приреди Манчестер Јунајтед, кој го назначи Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција, откако Жозе Мурињо беше отпуштен од раководството.

Последниот привремен тренер на Челзи беше Роберто Ди Матео, уште еден поранешен играч на клубот, кој успеа да ги однесе лондонските „сини“ до трофејот од Лигата на шампионите.

Маурицио Сари го замени Антонио Конте на клупа на Челзи пред почетокот на оваа сезона и на почетокот имаше низа од 18 натпревари без пораз. Но, оттогаш Челзи изгуби седум од вкупно 21 натпревар и критиките станаа погласни, а дел од навивачите бараат Сари да биде отпуштен.

Од друга страна, Џанфранко Зола е легенда на Челзи. Во 2003 година тој беше одбран како најдобар играч на клубот на сите времиња, а по крајот на кариерата работеше како тренер на Ватфорд во Чемпионшип и потоа издржа две сезони на клупата на Вест Хем, каде беше одговорен за опстанокот на лондонскиот клуб во Премиер лигата.

Related posts

Не престанува: Мурињо „нападна“ четворица свои фудбалери и истакна дека немаат карактер

24info

Клоп: Притисок ќе има…

24info

Не успеал да се наметне во Манчестер Јунајтед, па со пластична операција го сменил личниот опис

24info