September 22, 2019 08:39
Балкан

Чеда Јовановиќ: Идејата за предодна влада е единствен излез од кризата во Србија

Претседателот на српската Либерално-демократската партија (ЛДП) Чедомир Јовановиќ, изјави денеска дека предизборната влада е единствен излез од кризата и дека до последнен момент ќе се бори за оваа идеја.

Јовановиќ оцени дека идејата за предизборна влада не е начин тој лично да стане дел од владата, како што пишуваат некои медиуми, туку дека тоа е начин да ги поштеди граѓаните од „тормозење” кое очигледно престои.

-Не ме интересира да бидам дел од таа влада, ниту пак станува збор за приватна амбиција, како некои замислуваат и за што ме обвинуваат. Предизборната влада е единствениот излез од кризата во која се наоѓаме и последна шанса да влеземе во избори со барем малку нормална атмосфера, наведе Јовановиќ во писмена изјава.

Тој додаде дека го интересира што мисли за неговата идеја лидерот на Партијата на слободата и правдата (ССП) Драган Ѓилас, Демократската партија (ДС), Двери. Тој, исто така рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ мора да разбере дека не може да го отфрли секој предлог и да се однесува како претседател на една од партиите што, како што оцени, ќе оди на тие избори додека остатокот од општеството го остава.

Јовановиќ истакна дека не е заинтересиран да дојде на власт без гласови и дека е заинтересиран да се договорат основните работи во наредните месеци и да не се прави од кампањата – фронт, а од партиските активисти-агресивни војници.

Нови вести

Kоштуница предлагал Косово да биде како Хонг Конг

Igor

Околу 70 полесно повредени во земјотресoт во болниците во Тирана и Драч

Igor

Рама го откажа патувањето за Њујорк, вечерва се враќа од Франкфурт

Igor