February 24, 2019 04:32
Магазин

Чај од нане – моќен борец против синусни воспаленија, главоболки и болки во стомакот

Нането ни е многу позната билка, бидејќи расте на поднебјето на целата држава. Тоа е еден од најчесто користените чаеви, со одличен вкус и мирис.

 

Тоа било користено уште од Римјаните како помош за болките во стомакот. Богато е со антиоксиданти и минерали кои нудат многу бенефити за нашето здравје. Одличен извор е на магнезиум, калиум, калциум и витамини А и Ц.

Ги намалува главоболките – ги релаксира крвните садови во мозокот, така што помага во намалување на болката кај мигрената и останатите главоболки.  Многу луѓе наместо чај го користат и етеричното масло од нане со што ја намалуваат болката на тој начин, од неговиот мирис.

Помага кај синусните воспаленија – чајот од нане ги намалува болката и притисокот кои се предизвикани од синусните воспаленија.

Го подобрува варењето – чајот од нане го подобрува варењето и ги намалува гасовите предизвикани од лошото варење. Исто така, помага и кај намалување на болката во стомакот и желудникот.

Ги намалува менструалните симптоми – корисно е за жените кои се соочуваат со проблеми предизвикани од менструланиот циклус, како што се болката, мачнината и ги смирува контракциите во матката.

Ги намалува бактериските инфекции – тоа содржи антибактериски, антивоспалителни компненти кои ги спречуваат инфекциите.

Добра вест за оние кои имаат проблеми со кофеинот е дека воопшто не содржи кофеин, така што е одличен да се конзумира пред спиење. Некои луѓе пијат чај од нане пред спиење за да се релаксираа

Related posts

Хју Грант го замоли крадецот да му го врати сценариото што му го зел од автомобилот

Ivona

НАЈДОБРАТА ДИЕТА ЗА РАМЕН СТОМАК

admin

Утре верниците ќе го празнуваат денот посветен на Пресвета Богородица

24info