March 7, 2021 19:35
Магазин

Чак Хоскин Jуниор: „Џип” да престане да го користи името „Чeроки”

Време е „Џип” да престане да го користи името „Чeроки” на своите теренски возила „чeроки” и „гранд”, смета Чак Хоскин Јуниор. Тој, инаку, е поглавица на племето Чeроки во американската сојузна држава Оклахома.

– Сигурен сум дека ова е со добра волја, но не чувствуваме чест што нашето име е и име на автомобилот, рече Хоскин.

Ова, според познавачи, е првпат Чeроките да повикаат на ставање крај на употребата на името откако „Џип” почна да го користи тоа име на своите возила во 1970-тите. Кристин Стернс, гласноговорничка на матичната компанија на „Џип” – „Стелантис” во Амстердам, изјави дека името на возилото било „внимателно избрано и негувано со години во чест и слава” на тој американски домороден народ, поради неговата благородност, херојството и гордоста.

Таа не кажа дали компанијата веќе размислува за преименување на возилото.

Хоскин рече дека најдобриот начин да се оддаде почит на племето во Оклахома е да се дознае повеќе за неговата историја.

Watch Naruto: Shippuden Episode 445 (https://wcostream.cc/m/kzw/ep-445) at website https://wcostream.cc wcostream amazing world of gumball

Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 22 at website https://gogoanime.be tokyo ghoul gogoanime