December 10, 2022 05:23
Свет

Чавушоглу: Путин ја разгледува можноста за враќање на преговорите со Киев

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол на турскиот лидер Таип Ердоган дека постои можност да се врати на преговорите со Киев, но под нови услови.

Чавушоглу изјави дека Путин тоа го рекол при разговорите со турскиот претседател на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка што неодамна се одржа во Самарканд.

„За време на преговорите со нашиот претседател, господинот Путин ја истакна можноста за враќање на преговорите со Киев, но под нови услови”, рече Чавушоглу пред медиумите во Токио.