August 22, 2019 00:55
Свет

Чавушоглу: Нема потреба да се сфатат сериозно мерките на ЕУ против Анкара

Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, изјави денеска  дека нема потреба сериозно да се сфаќаат чекорите на ЕУ против Анкара во врска со дупчењето во ексклузивната економска зона на Кипар, птренесува „Спутник“.

Во најновиот развој на настаните, властите на Северен Кипар поднесоа предлог до владата на кипарските Грци, повикувајќи на соработка во експлоатацијата на природен гас покрај брегот на Кипар.

Предлогот доаѓа неколку дена откако Европската комисија и дипломатската служба на ЕУ предложија неколку можни санкции поради турското дупчење на кипарското крајбрежје.

Двата турски бродови за дупочење, „Јавуз“ и „Фатих“, во моментот се закотвени на брегот на Кипа за да дупчат во потрага по нафта и гас. Кипар и Грција го сметаат тоа за провокација, а ЕУ ја повика Турција да го прекине дупчењето.

Анкара, пак, смета дека има право да дупчи во потрага по регионалните природни ресурси.

Спорот околу природните ресурси помеѓу Република Кипар и Турција се интензивираше во 2011 година, кога беа откриени првите гасни наоѓалишта на крајбрежјето на островот.

Кипар е поделен уште од 1974 година откако турските сили влегоа на островот за да ги заштитат кипарските Турци од грчката заедница. Речиси една деценија подоцна беше прогласена, Турската Република Северен Кипар што само Турција ја признава.

Нови вести

Во Авганистан убиени двајца американски војници

Filip

Во авион на шпански Евелоп повредени 14 лица поради турбуленции

Filip

Макрон: Да се реши украинската криза пред приемот на Русија во Г-7

Filip