December 1, 2022 17:36
Спорт

Цунода го продолжи договорот со Алфа Таури

Јуки Цунода (22 г.) ќе продолжи да вози за тимот на Алфа Таури во Формула 1. Двете страни склучија договор за соработка и во сезоната 2023 година. Цунода го имаше своето деби во светскиот шампионат во Формула 1 во 2021 година.

Се уште не е објавено кој ќе стане партнер на Јапонецот следната година.

Се претпоставува дека Пјер Гасли ќе се пресели во Алпин, а на негово место ќе дојде Ник де Врис.

Во тековната сезона Цунода со освоени 11 бода се наоѓа на 16. место во Ф-1 поредокот.