August 14, 2022 19:51
Македонија Скопје

ЦУК: Заврши санацијата на мостот на Маркова Река во населбата Драчево

Центарот за управување со кризи денеска ја заврши санацијата на мостот на Маркова Река во населбата Драчево.

Како што соопштуваат од ЦУК, за време на викендов се реализирал проектот за целосно санирање на оштетувањето на армирано бетонската плоча, со брзоврзувачки материјали на цементна основа.

– Санацијата се заврши за два дена, односно за помалку од 24 часа, според планираното – до поставување на асфалтната маса, наведуваат во соопштението.