June 26, 2022 15:45
Свет

Црн рекорд во Чешка – над 30.000 заразени

Чешките власти регистрираа рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во последните 24 часа, покажуваат податоците на Министерството за здравство на земјата.

Во извештајот се наведува дека заклучно со вчерашниот ден се регистрирани 30.350 случаи на инфекција со коронавирус, поради ширењето на сојот Омикрон, во земја со 10,7 милиони жители.

Министерот за здравство на Чешката Република Властимил Валек изјави дека земјата се подготвува за ново ненадејно зголемување на бројот на заразени со омикрон и дека епидемијата би можела да го достигне својот врв до крајот на месецот, пренесе Ројтерс.