October 22, 2021 12:54
Балкан

Црногорското собрание почна процедура за отповикување на претседателот Ѓукановиќ

Уставниот одбор на собранието на Црна Гора ќе го разгледува предлогот за почнување постапка за да се утврди дали претседателот Мило Ѓукановиќ го прекршил уставот. Иницијатор на расправата е пратеничката група на Социјалистичката народна партија (СНП), а ја поддржаа пратениците на парламентарното мнозинство.

„Собранието може да го разреши претседателот кога Уставниот суд ќе утврди дека го нарушил уставот“, пишува во црногорскиот устав.

СНП смета дека Ѓукановиќ грубо го прекршил членот 14 од уставот на Црна Гора кој пропишува дека верските заедници се одвоени од државата, како и дека тие се рамноправни и слободни во вршењето на верските обреди и верските работи. Се оценува дека Ѓукановиќ директно се вмешал во работите на една верска заедница, конкретно СПЦ.

„Со тоа, спротивно на уставот, го нарушил принципот на секуларност на Црна Гора, односно принципот на одвоеноста на верските заедници од државата“, се наведува во објаснувањето.

„Нарекувајќи ги противниците на устоличувањето мнозинска Црна Гора директно предизвика поделба на граѓаните на оние кои го поддржуваат и оние кои не го поддржуваат устоличувањето на митрополитот на Цетиње“, наведе СНП.

 

AnimeDao: Nanbaka anime episode 13 online free at https://animedao.nl animedao website

Watch anime online for free at Animepahe watch anime online

Miko no Tsutome! Episode 2

Horizon in the Middle of Nowhere II (Dub) (https://animetv.cc/m/3jAo) Episode 13

Bbpress: https://bbpress.org/forums/profile/gogoanimelol/

Express yudu: https://express.yudu.com/profile/1641348/animefreakws