February 25, 2021 18:00
Македонија

Црногорското МВР не знае дали се разменети сите информации за бегството на Груевски

Размената на информациите во однос на соработката МВР на Македонија и на Црна Гора е одлична. Во текот на 2020 година помеѓу Националните бироа на Интерпол се разменети околу 540 информации, а Секторите на криминалистичка полиција или Секторите што се занимаваат со организиран криминал имаа низа успешни акции, размената на податоци за миграциите и реадмисиите функционира одлично. Тоа е реалноста на односите помеѓу С Македонија и Црна Гора.

Ова го изјави црногорскиот министер за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ, на прес-конференцијата по денешната работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На новинарско прашање дали се разменети информации за бегството на Никола Груевски, Секуловиќ одговори дека во овој момент не може јасно да одговори,  бидејќи, како што рече, нема прецизни информации.

Fog Hill of Five Elements (https://animeplanet.cc/m/yPEE) Episode 3 at website https://animeplanet.cc. See more anime planet me

Watch Bleach (Dub) Episode 330 at KissAnime cautious hero kissanime