Спорт

Црногорецот што ја плукаше Фалангата казнет со 5.000 евра

Црногорскиот ракометар Марко Ласица кој вчеравечер го направи најсељачкиот можен потег и плукна кон македонските навивачи во „Феникс Арената“ во Дебрецин доби жестока казна од Европската ракометна федерација (ЕХФ), па е казнет со вкупно 5.000 евра.

Ласица со сељачкиот потег плукајќи кон македонските навивачи за малку ќе предизвикаше хаос, зашто Фалангата тргна да се тепа, па мораше да реагира обезбедувањето и да се вклучат екс-вардарецот Шеваљевиќ и голманот Симиќ, чиј татко беше тренер на голманите во Вардар за да ја смират ситуацијата за да не се случи општ хаос.

После потегот на Ласица, дисциплинската комисија експресно му изрече казна од 5.000 евра со тоа што 3.000 евра ќе плати одма, а останатите 2.000 се „условни“ да не го повтори делото во следните две години.

Дисциплинската комисија донела одлука дека потегот на Црногорецот е неспортски и спротивен на принципите на ферплеј, а исто така со овој потег се руши угледот на ракометот и ваквите постапки не смее да се толерираат.

Ласица се извини за постапката, потенцирајќи дека е за секоја осуда и дека е некоректен потег.

„Сакам да се извинам за постапката, таа е за секоја осуда и некоректна. Јас ги ценам македонските навивачи за нивната приврзаност кон репрезентацијата и клубовите, но одредени поединци не се навивачи. Цел меч ме гаѓаа и плукаа, а еден од близина плукна кон мене и јас возвратив, но згрешив и се извинувам“, рече Ласица.

watch anime dub. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Attack on Titan Season 3 Episode 8

Black Clover

4Anime Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

watch anime 4Anime JUJUTSU KAISEN (Dub)

4Anime Naruto: Shippuden Episode 493