Балкан

Црна Гора: Уапсен подофицер поради 50 кг кокаин на брод за обука

Воената полиција на Црна Гора го уапси подофицерот Душко Раденовиќ поради сомнение дека бил вмешан во трговијата на 50 кг кокаин, запленети на бродот за обука „Јадран” во Тиват.

Дрогата била откриена врз основа на оперативни сознанија на Министерството за одбрана. Во вчерашната акција е приведен Раденовиќ поради сомнение дека знаел за намерата на, засега неидентификувано лице, да криумчари кокаин.

Покрај дрогата, пронајдени се и повеќе парчиња нелегално оружје, јави Радио-телевизија Црна Гора.

Истрагата треба да утврди кој бил логистика, дали уште некој од членовите на морнарицата знаел за шверцот, а и за тоа каде била товарена дрогата и кому требала да биде испорачана.

Нови вести

Нови протести на албанските студенти

Igor

Мали инциденти на протест во Атина за поддршка на Куфодинас

Valentina

Едвард Џозеф: Примерот со Преспанскиот договор да се искористи за Србија и Косово

Valentina