June 24, 2022 05:43
Балкан

Црна Гора го одбележува Денот на независноста

Црна Гора денеска го слави Денот на независноста, а по тој повод улиците на главниот град Подгорица се украсени со државни знамиња. Црна Гора се отцепи од Државната заедница СРЈ на референдум на 21 мај 2006 година.

Порталот РТЦГ потсетува дека според официјалните резултати, црногорската независност ја поддржале 230.661 граѓанин односно 55,5 отсто, додека за опстанок на заедничката држава со Србија биле 185.002 граѓани или 44,5 отсто.