November 19, 2019 12:26
Македонија

Црвен крст: Кампања по повод Денот на гладта (16-22 Октомври)

Светскиот ден на храната 16 октомври е ден на акција посветен на справување со гладта. Целта е да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладта, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале проблемот со гладта и ги задоволуваат основните потреби. Фокусот на денот е дека храната е основно човеково право.

Организацијата за храна и агрикултура при  Обединетите нации проценува дека во светот 820 милиони луѓе живеат со хроничен глад, 60% жени и речиси пет милиони деца под петгодишна возраст умираат поради хронична ненахранетост. Во нашата земја, според официјални податоци на Државниот завод за статистика, стапката на сиромашни лица изнесува 22,2 проценти,  стапкатата на сиромашни вработени лица е 9.0 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 %

Црвен крст на Република Северна Македонија, Црвен крст на град Скопје и оваа година се вклучува во глобалните акции за борбата против гладта со организирање на кампања „Помислете и на нас”, која ќе се спроведат  во рамките на Неделата за борба против гладта од 16 до 22 Октомври 2019 година. Преку кампањата ќе влијаеме на покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата како и на изнаоѓање на фондови за помош на ранливите лица. Средствата донирани во хуманитарните акции во кампањата наменети се за обезбедување на храна за помош на лица во социјален ризик.

Пред х. Мериот на 16.10 од 10:00 до 15:00 ќе биде поставен штанд на Црвен крст на град Скопје  каде хуманите граѓани општествено одговорни компании ќе можат да оставаат донации на храна.

Нови вести

Адвокат Даути: Судот ја одолговлекува постапката за „ТНТ”

Igor

(Во живо) Адвокатот на Боки 13 за здравствената состојба на неговиот клиент

Igor

Царовска: Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата без документи, ќе може да ги остваруваат своите основни права

Igor