June 27, 2022 19:22
Македонија

Црвенковски: Недозволиво е да немаме амбасадор во Вашинтон и да ни ги одбиваат предлозите

Апсолутно неодговорно и недозволиво е што Македонија во Вашингтон нема амбасадор цели 4,5 години, а уште полошо е што си дозволи во два наврати да предложи кандидати кои од страна на САД не беа прифатени. Ова го истакна поранешниот претседател, Бранко Црвенковски критикувајќи ја домашната надворешна политика.

„Постојано од сите институционални нивоа, и од власта и од опозицијата, се повторува дека САД се нашиот најважен стратешки партнер. Се истакнува во чие време бил потпишан Договорот за стратешко партнерство или пак во чие време ќе се води стратешкиот дијалог за продлабочување на партнерството, а се со цел во јавноста да се освојат одредени политички поени. И сега погледнете го следниот апсурд. Македонија во Вашингтон нема свој амбасадор цели 4,5 години. Тоа е апсолутно неодговорно и недозволиво. Но, има и од лошо-полошо. Република Македонија си дозволи во два наврати да предложи кандидати кои од страна на САД не беа прифатени. Ова е прв таков случај во историјата на независна и суверена македонска држава и тоа баш во однос на најмоќната, највлијателната држава во светот, во исто време и наш како што велиме најважен стратешки партнер. Штетата која со вакви неодговорни постапки се нанесува на угледот на Република Македонија е огромна“, рече Црвенковски за време на дебатата во организација на Советот на амбасадори на тема „Предизвиците на македонската надворешна политика“

Црвенковски во обраќањето рече и дека сме свдоци на постојани препукувања меѓу власта и опозицијата кој е одговорен за ваквата состојба, но последиците од овој неодговорен однос нема да ги сноси ниту само власта, ниту само опозицијата, туку државата Република Македонија во целина.

Експретседателот се осврна и на Договорот со Бугарија, коментирајќи дека формулацијата за „заедничка историја“ била голема грешка, а спорот може да трае и со години.

go88 android Link tải Go88 Club cho Android APK | IOS mới nhất apk go88

https://sunwin.gg/