January 24, 2021 07:38
Македонија

Црвенковски: Го замрзнувам членството во СДСМ, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основачот и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ повикува да се оградат од изјавите на Зоран Зоран во врска со Бугарија, кои според него, ќе предизвикаат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и држава.

„Почитувани сопартијци, во изминативе 7 години се решив да не бидам на каков било начин присутен во политичката јавност во Македонија. За таквото однесување имав повеќе причини, а во оваа прилика ќе ги споменам двете најголеми. Додека СДСМ беше во опозиција и водеше тешка битка со режимот, не сакав на било кој начин да давам
дополнителен повод за напади кон раководството на СДСМ, дека се мои марионети или дека спроведуваат политики под мое влијание.

Сакав партијата да биде ослободена од какво било бреме од претходните владеења на СДСМ со државата. Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавност за да не се доведам во ситуација да се
конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати. Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина ако не се случеше скандалозното интервју на премиерот и претседател на нашата партија Зоран Заев. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава“, вели Црвенковски.

Според него, направена е огромна и непоправлива штета. „Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв. Се обраќам до вас почитувани сопартијци за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција ставовите на
Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата. Реакциите на пооделни видни членови во медиумите и на социјалните
мрежи се добредојдени, но не и доволни. Затоа, почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика
Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и
АСНОМ. Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ“, вели тој.

До одржувањето на таква седница на ЦО, Црвенковски најавува дека го замрзнува неговото членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Hunter x Hunter Episode 148 at website https://animeheaven.pro. See more animehaven

I'm standing on 1,000,000 lives. (https://kissanimeonline.com/m/Jm3A) Episode 12 at website https://kissanimeonline.com kissanime one punch man