August 13, 2022 17:35
Спорт

Црвена Звезда ја освои рекордната 22. титула во Србија

Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа ФМП во вториот финален натпревар од плејофот со 71-59 и така го освоија шампионатот на Србија.

Ц. Звезда уште на почетокот ја најави победата, откако ја доби четвртината со 15-9, а потоа ФМП врати и ја намали негативата на 31-34 на полувреме.

Решавачка беше третата четвртина, која Ц. Звезда ја доби со 25-14 и така стигна до убедливо водство, кое го задржа до крајот и триумфираше со 71-59.

Најдобар на теренот беше Ивановиќ од Ц. Звезда со 21 поен, шест скокови и пет асистенции, додека Радоњиќ од ФМП даде 14 поени, пет скокови и шест асистенции.