June 28, 2022 15:15
Спорт

Црвена звезда е противникот на Партизан во финалето на АБА лигата

Кошаркарите на Црвена звезда ќе играат во финалето на АБА лигата откако во мајсторката што вечерва се играше во Белград, ја совладаа Цедевита Олимпија.

„Црвено-белите“ во одлучувачкиот трет натпревар славеа со 88:78 и си закажаа пресметка со трофејот со вечниот ривал Партизан кој ден претходно во мајсторката го декласира Будуќност со 101:77.

„Црвено-белите“ одлично го започнаа натпреварот и за седум минути дојдоа до двоцифрена предност (20:10) за во втората четвртина да дојдат и до плус 19 (35:16). Гостите успеаја да направат серија 0:12 и на одмор да заминат со пет поени негатива, 42:37.

Стартот на второто полувреме повторно и припадна на Црвена звезда која дојде до плус 20 (67:47). Но, гостите не се предаваа, направија серија од 0:7, а во финишот дојдоа и до едноцифрена негатива, но во последните моменти од играта, играчите на актуелниот шампион во АБА лигата успеаја да ја зачуваат предноста и да обезбедат пласман во финалето.

Најдобри во редовите на Црвена звезда беа Калиниќ со 15 и Ивановиќ со 11 поени, додека кај Цедевита Олимпија најрасположени за игра беа Ферел со 25 и Драгиќ со 21 поен.

Првиот натпревар од финалето меѓу Црвена Звезда и Партизан ќе се игра в петок.

Go88 - Thế giới game cá cược trực tuyến lớn nhất Việt Nam go88 earn go88 lite

mất tài khoản sunwin tải sunwin sunwin download