September 25, 2021 03:08
Спорт

Црвена Звезда го демолираше Каират за трето квалификациско коло во ЛШ

Екипата на Црвена Звезда со доминантна победа од пет гола (5-0) над Каират Алмати го продолжува патот во Лигата на шампионите и патува во третото квалификациско коло во фудбалската елита.

Белграѓани одиграа феноменален натпревар на домашен терен, а ривалот на стадионот „Рајко Митиќ“ немаше што да бара. Доминираа фудбалерите на Станковиќ, па со пет гола во мрежата на противникот ја надополнија негативата од Казахстан (1-2) и патуваат во следната квалификациска рунда.

Црвена Звезда во следната фаза од Лигата на шампионите ќе игра со молдавски Шериф Тираспол, кој со 3-1 во реваншот го совлада ерменски Алашкерт.

На останатите денешни натпревари, Олимпијакос со победа кај Нефчи во Баку (0-1) се чекира понатаму, Клуж очекувано беше подобар од гибралтарски Линколн Ред Импс (2-0), ПСВ ја потврди доминацијата против Галатасарај (2-1), Лудогорец ја исфрли Мура (3-1), а Јанг Бојс во меч со пет гола беше подобар од Слован Братислава (3-2).

Најнеизвесниот меч го одиграа Митјиланд и Селтик. Првиот меч заврши 1-1, реваншот во Данска исто така беше 1-1, а во продолженијата, данскиот тим се избори за гол на Онидејка во 94. минута, доволен за пласман во третата квалификациска рунда.

ПАРОВИ ВО ТРЕТОТО КОЛО НА ЛШ

Динамо Загреб – Легија
Клуж – Јанг Бојс
Олимпијакос – Лудогорец
Ц. Звезда – Шериф Тираспол
Малме – Ренџерс
Ференцварош – Славија Прага
ПСВ – Митјиланд
Спартак Москва – Бенфика
Генк – Шахтјор Доњецк
Монако – Спарта Прага

Opera Girl! (Dub) Episode 1

Watch anime online for free at AnimeFLV gogoanime

Website https://4anime.biz: Watch Horizon in the Middle of Nowhere 4anime Episode 13 4anime app ios

Website https://gogoanime.be: Watch Crash! gogoanime Episode 1 gogoanime kissanime

Pxhere: https://pxhere.com/en/photographer/3636672

Articleusa: https://articleusa.com/members/animefreakws/