January 24, 2021 12:43
Скопје

Во Центар санкционирани 226 непрописно паркирани возила за една недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 226 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 16.11. до 22.11.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 125 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 101 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

 

 

Attack on Titan: Lost Girls (https://crunchyrollfree.com/m/GxBg) Episode 3 at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll 1 month free trial

Your Lie in April (https://animeflix.nl/m/W8m) Episode 22 at website https://animeflix.nl animeflix mha