September 18, 2020 10:27
Спорт

Цонга објави лоши вести

Поранешниот петти тениски рекет во светот, Жо-Вилфред Цонга објави дека сезоната за него е завршена. Поради проблеми со грбот, 35-годишниот Французин ќе го пропушти Ролан Гарос и другите тениски турнири до крајот на 2020 година.

Сепак, тој се надева дека ќе се врати на АТП турнирите во 2021 година.

-Мора да се заборави 2020 година. Но, јас сè уште имам дух, бес, желба и мотивација да се вратам во 2021 година, во надеж дека работите ќе се одвиваат позитивно. Сонувам повторно да се борам на терените против сите овие неверојатни играчи … Ви благодарам за целата поддршка, пријатели, напиша финалистот на Австралија опен 2008 на Твитер.