December 16, 2019 08:51
Спорт

Циципас го исфрли Федерер за финале на турнирот во Лондон

Стефанос Циципас е првиот финалист на завршниот АТП турнир во Лондон.

Дваесет и едно-годишниот Грк го победи шесткратниот шампион Роџер Федерер со 6:3, 6:4 за 96 минути игра во првото полуфинале и ќе спори в недела со Доминик Тим или Александар Зверев, кои играат вечерва.

Роџер Федерер пред два дена одигра маестрално против Новак Ѓоковиќ, го елиминираше Србинот и му ги одзеде шансите да ја заврши годината како прв на АТП листата. Но Швајцарецот денеска немаше одговор за младиот Стефанос Циципас и загуби со 2-0 во полуфинале.

Гркот одлично го отвори мечот, веднаш направи брејк и поведе со 3-0. Потоа рутински го приведе првиот сет во своја корист со 6-3.

Во вториот сет, Циципас одново прв стигна до брејк, но Федерер веднаш возврати и направи ри-брејк, но популарниот Федекс веќе на следниот свој сервис покажа нова несигурност и Гркот ја врати предноста. Потоа со сигурен сервис поведе со 4-2 и на крајот стигна до 6-4 и голема радост.

Триесет и осум-годишниот Швајцарец се бореше до последен момент со својот далеку помлад ривал, но не издржа и отстапи пред својот противник по .

Нови вести

Реал ремизира со Валенсија и се изедначи со Барселона пред „Ел класико”

zane

Златни медали за Мојсовка и Јованоска на меѓународниот турнир „Трофеј на Македонија”

zane

Сари: Нашето напаѓачко трио е во одлична форма

zane