January 22, 2020 21:06
Македонија

Ципрас: Мицотакис со три раце ќе потпишеше договор како тој од Преспа

Знам дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис апсолутно знае дека да беше тој и да имаше еден таков договор ќе го потпишеше со три раце, а не со две, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за локалната грчка телевизија ТРТ, говорејќи за Договорот од Преспа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас упати критики до актуелната грчка Влада дека пред една година го обвинувала неговиот тогашен владин Кабинет за „предавнички договор”, а сега Мицотакис вели дека ќе го почитува.

– Овој договор го нарекуваше предавнички и дури во Парламентот се закануваше дека ако тој биде избран ќе биде пречка за интегративниот процес на Северна Македонија. Денес е оној кој е принуден и презема иницијативи како влада за одново да почне дискусијата за интегративната политика на Северна Македонија. Јас велам дека тоа е правилно, но оваа хипокризија ќе ја суди, не народот што гласаше за СИРИЗА, туку оние што гласаа за Нова демократија, рече Ципрас.

Нови вести

Мираковски на трибината Агенда Воздух 20-24: Државата да инвестира во научни трудови за намалување на загадувањето

Filip

Макрадули од трибината Агенда Воздух 20-24: Преземаме одговорност, до 2024 година да не постои ниту една институција која загадува

Filip

Џафери на трибината Агенда Воздух 20-24: Правната држава е клучна во одбраната на здравата животна средина

Filip