November 14, 2019 13:26
Балкан

ЦИК: Пребројувањето на гласовите пристигнати по пошта за неколку дена

Портпаролот на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, Валмир Елезит изјави денеска дека се очекува пребројувањето на гласачките ливчиња на лицата со посебни потреби и гласовите од дијаспората кои пристигнале по пошта да започне за неколку дена, но не прецизира кога.

– Што се однесува до прашањето кога ќе почне пребројувањето на условните гласови, гласовите на лицата со посебни потреби и гласовите на дијаспората, кои пристигнаа по пошта, тоа зависи од процедурата и динамиката на работа во Центарот за броење гласови и резултати, но се надевам во рок од неколку дена, рече Елезит.

Според него, ЦИК моментално нема податоци за тоа колку луѓе со посебни потреби го искористиле своето право на глас, односно колкав е бројот на тие условни гласови и дека податоците ќе бидат објавени по процедурата за прием на „осетливиот” изборен материјал од сите општини.

Инаку, како што пишува Коха, Косово го задржа трендот на неважечки изборни ливчиња, а Централната изборна комисија соопшти дека на вчерашните предвремени парламентарни избори се регистрирани преку 40.155.

ЦИК досега преброи 98,15 отсто од гласачките ливчиња, а бројот на неважечки може да се зголеми со пребројувањето на ливчињата од лицата со посебни потреби и гласовите добиени по пошта.

Нови вести

Од грчките острови Лезбос и Хиос пренесени 347 бегалци и мигранти во Атина

zane

(Вознемирувачко видео) Камион паднал од надвозник кај Љубљана, возачот загина

Igor

Претседателските избори во Хрватска на 22 декември

zane