September 23, 2019 22:44
Спорт

Кутињо: Сакам да се заблагодарам на Баерн со голови и добри перформанси на теренот

Филипе Кутињо, кој е позајмен за една сезона од страна на Баерн Минхен, вети дека ќе даде се од себе за Баварците. Тој пред „Билд” зборуваше и за неговиот поранешен клуб Ливерпул и конкретно за неговата комуникација со Роберто Фирмино и Јирген Клоп.

– Бев пречекан добро во Баерн и сакам да се заблагодарам со голови и добри перформанси на теренот. Разговарав со Роберто Фирмино и тој ми рече дека Бундеслигата е многу интензивна. На првиот натпревар се чувствував како играта да е слична на онаа во Англија, многу интензивна. Многу повеќе отколку во Шпанија и Бразил. Тоа е добро за мене. После трансферот во Баерн, добив порака од Јирген Клоп. Тој ми посака среќа. Тој ги пофали клубот и Бундеслигата. Тој исто така ми рече дека е многу среќен што ме гледа тука, вели Бразилецот за германскиот таблоид

Кариоката додаде дека ќе даде се од себе за Баерн, но дека незнае дали ќе остане по крајот на договорот за заем.

– Јас сигурно ќе учам германски во слободното време. Ќе дадам се од себе за Баерн. Не знам дали ќе останам по крајот на договорот за изнајмување, но во фудбалот сè може да се случи. Мило ми е што сум во Минхен и сакам да одиграм силна сезона, рече Кутињо.

Нови вести

Лесна победа на Еурофарм Работник против Металопластика

Igor

Загреб му даде отказ на Тамше, го враќа Вујовиќ

Igor

Меси е најдобриот играч

Igor