January 29, 2023 12:45
Македонија

Цените на лебот, млекото, месото паѓаат- Владините мерки даваат резултати, инспекциите на готовс

Деновиве во поголемите ланци на маркети сме сведоци на намалување на цените на производите, па така леб може да се најде од 37-40 денари, маслото за јадење е околу 110-115 денари што е драстично поевтино од изминатиот период кога лебот достигна и 60-70 денари, а маслото 160 денари за литар,пишува Центар.мк.

Се намалуваат и цените на млечните производи.

Во продавниците веќе може да забележиме намалени цени на свежото месо, но и значително намалување на сувомеснатите производи.

Но и овие намалувања се далеку од цените по кои треба да се продаваат производите. Сепак првите ефекти треба да се очекуваат од втората половина на месецов.

Владата обезбеди евтина струја за над 200 прехранбени компании кои произведуваат основни продукти. Овие компании од почетокот на декември плаќаат 80 евра за мегаватчас и нема да зависат од секојдневните поместувања на скапата берзанска струја.

И актуелните намалени цени допрва треба да паѓаат со оглед дека двата инпути за производство, како струја и гориво драстично поевтинија за разлика од пред 3 месеци.
Струјата им поевтини неколкукратно, со оглед дека имаше периоди кога компаниите плаќаа и над 600 евра за мегават час, сега плаќаат максимални 80 евра.

Дополнителна позитивна ситуација е значителното намалување на нафтата,која чинеше и над 110 денари за литар, а сега се движи околу 80 денари за литар, што е за 25% помалку.

Дел од маркетите не ги намалија цените, тоа го воочивме и ние и граѓаните. Според граѓаните се работи за фирми кои на мака на народот прават воен профит во вакви кризни времиња.Сепак тука е државата и инспекциските служби кои секојдневно се на терен и реагираат на манипулациите од фирмите кои користат евтина струја, а продаваат екстремно скапи производи.

За компаниите кои прават манипулации и воено профитираат во време на оваа најголема економска криза ќе следуваат огромни казни.

Наскоро се очекува да се дознае и за тоа колку компании го прекршиле законот до сега, а граѓаните за неправилностите во маркетите во однос на основните прехранбени производи во секој момент може да ја контактираат Државната пазарна инспекција.

Centar.mk дознава дека власта е решена жестоко да се спротистави на компаниите воени – профитери, заштитувајќи го интересот на граѓаните.