October 28, 2020 06:26
Спорт

Цел тим на Голден Арт КЛ7 во самоизолација, 16 позитивни на Ковид

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на македонската Суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај дел играчите се појавија симптоми карактеристични за коронавирусот (покачена температура, губење на вкус и мирис).

-Поради тоа клубот како институција која е максимално одговорна спрема своите играчи и вработени веднаш изврши Ковид тестирање во Клиника Жан Митрев (преку брис од нос и грло) на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и комплетната логистика на клубот, по кое се откриени 16 позитивни резултати на коронавирусот. Според прописите за третман на лица кои се позитивни и лицата кои имале контакт со нив, комплетниот играчки кадар ќе биде ставен во изолација во следните 15 денови, соопштија од клубот Голден Арт КЛ7.

Од истиот клуб пред стартот на подготовките за натпреварувачката сезона, беа откриени два случаи позитивни на вирусот и истите беа изолирани и излечени.

Голден Арт КЛ7 апелираат сите клубови и целокупната јавност да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.