April 20, 2021 18:09
Свет

Цел град во карантин поради еден случај на коронавирус од непознато потекло

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн најави дека од утре ќе биде воведен седумдневно затворање (lockdown) во најголемиот град, двомилионскиот Оукланд поради појава на еден случај на коронавирус од непознато потекло.

Остатокот од земјата ќе биде под режим на рестрикции од втора категорија со кој, меѓу другото се забрануваат јацни собирања, најави Ардерн, пренесе Ројтерс.

Оукланд на средината на февруари веќе беше под тридневни вонредни рестриктивни мерки затоа што во едно тричлено семејство беше потврдено присуство на британскиот сој на коронавирус кој брзо се шири.