October 1, 2022 14:23
Економија

Целосно е пропадната економијата на Шри Ланка

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге денеска изјави дека националната економија е „целосно пропадна” поради недостиг од храна, гориво и електрична енергија.

– Шри Ланка не е во можност да плати увезено гориво, дури и во готово, поради големите долгови на државните нафтени корпорации. Нашата економија целосно пропадна, истакна Викремесинге.

Шри Ланка се соочува од сериозен недостиг на основни продукти, од храна, гориво, лекови и гас до тоалетна хартија и кибрити.

Економската криза во Шри Ланка предизвика политички немири и демонстрации во кои загинаа девет лица.