Македонија

Царовска ќе се сретне со родителите на децата кои ја бојкотираат наставата

Драгана Спасевска, воспитувач и организатор на бојкотот во име на сите родители против дигитализацијата во образованието кои дејствуваат преку фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“, соопшти дека е договорена работна средба меѓу родителите и МОН за законот за учебници.

„Денес надлежните од Министерство за образование и наука се обратија до мене како овластен претставник на иницијативата и договорена е работна средба на актуелната тема, односно измените во Законот. Работната средба е закажана на 06 Мај 2021 (Четврток), со почеток во 12:00 часот во просториите на Министерството. Известени сме дека на работната средба ќе присуствуваме ние и дел од стручниот тим кој работел на новиот предлог закон за образование“, напиша Спасевска.

Таа додава дека заклучоците од средбата ќе бидат објавени на прес конференција пред Министерството, веднаш по завршувањето на работната средба.

„Бојкот на наставата како форма на незадоволство од работењето и постапките на Министерството, останува како официјален став на групата и продолжува се до завршувањето на работната средба, а за следните чекори јавноста ќе ја информираме преку медиумите и јавните гласила“, порача Спасевска.

ANIMEFLIX death note animeflix: Watch Dr. Stone (Dub) Episode 4

GoGoAnime gogoanime food wars: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 26