September 23, 2019 01:47
Македонија

Царовска: Шуто Оризари добива нова современа градинка, вложуваме во иднината на нашите децa

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со министерот за внатрени работи и вицепремиер Оливер Спасов, градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, првиот секретар  на Норвешката амбасада во Белград, Геир Хакон Јохансен и Нарине Сахакијан, постојана претставничка на УНДП во Република Северна Македонија денеска ја посетија градинката „8 Април“ во Шуто Оризари, која ги прави последните технички подготовки за отпочнување со работа.

„Навистина сум среќна што дечињата во Шуто Оризари добија современ објект во којшто ќе може интерактивно да се вклучуваат и сите заеднички да учат и да се развиваат. Бидејќи навистина е важно предучилишното образование да се започне што порано за децата понатаму да можат да добијат подобар старт за основно и средно образование. Општина Шуто Оризари имаше своја градинка но таа сите сме сведоци пред 4 години изгоре. Ние започнавме со изградба пред 2,5 години.  Благодарение на Норвешката амбасада којашто ги донираше средствата за иградба и УНДП којшто техничко го поддржуваа процесот на градба, МТСП целосно го финасираше опремувањето. Со тоа се докажа дека со заеднички сили навистина можме да добиеме објект којшто е современ и е според потребите на децата. Ние како министерство интензивно градиме инфраструктура за прием на што повеќе деца во предучилишно образование, што значи дека градиме со план и инвестираме во децата кои се иднината на државата“, изјави Царовска.

Градежните работи на градинката „8 Април“ се речиси целосно завршени. Новиот објект е со простор од 1225м2, и е целосно адаптиран за грижа на деца со попреченост. Кралството Норвешка обезбеди финансиската поддршка за овој објект во износ од 35 милиони денари.

„Партнерството со Владата на Северна Македонија е во повеќе општествени сегменти и со повеќе владини тела. Задоволство е да даде поддршка на еден ваков објект кој ќе овозможи инклузија на сите категории на граѓани.“ –  истакна Герк Хакон Јохансен, Прв секретар на Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.

Новата градинка има влијание врз целокупната заедница, вклучитено и во правец на поголема активација на невработените Роми на пазарот на трудот, особено кај жените. Проектот беше беше изработен заедно со Програмата за развој на Обединетите Нации и Општина Шуто Оризари.

„Новата градинка во Шуто Оризари е во духот на целите за одржлив развој и мотото „никој да не биде изоставен“. Објектот обезбедува побезбедна, поекономична, поинклузивна и потопла средина соодветна за сите деца. Делиме иста визија со Владата дека сите заслужуваат еднакви можности и услови за згрижување и квалитетно образование.“ – потенцираше Нарине Сахакијан, Постојана претстаничка на УНДП во државата.

Во моментот градинката располага со капацитет за 160 деца, а со планираната втора фаза на изградба објектот треба да добие и јасли со капацитет за 90 деца. Министерството за труд и социјална политика продолжува да ги подобрува условите и квалитетот во детската заштитa. Oд мај 2017 до мај годинава МТСП инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти. Истовремено ги јакнеме професионалните компетенции на кадарот и го враќаме достоинството на професијата воспитувач со зголемувањето на платите во просек за 16% и за дополнителни 5% на септемвриската плата која што ќе биде исплатена во октомври.

Нови вести

КОД ТЕЛМА: И судии и адвокати спомнати во исказите за рекетот, може да завршат на распит кај Русковска

Filip

Јанева добивала 105.000 денари плата и уште толкав бонус?

Filip

Република Северна Македонија се подготвува за полноправно членство во НАТО: Зајакнати капацитетите на Работниот комитет за интеграција во НАТО за преземање на обврските од полноправното членство

Filip