February 23, 2019 20:42
Македонија

Царовска: Средствата за граѓаните се тука, обесштетувањето почна, сега се останува на ОЈО

Нашата работа е да го заштитиме системот, законските измени се направени, финансиските средства за граѓаните се тука, обесштетувањето почна, се останато е работа на ОЈО, изјави денеска министерката Мила Царовска пред промоцијата на „Датабазата на експертки”, во врска со случајот со Вториот пензиски столб.

Во однос на обвинувањата од страна на ДУИ и нивните изјави во јавноста дека ќе тужат и дали има индиции за нивните функционери кои биле во тој период, Царовска рече дека ОЈО е тоа што има работа да истражува.

– За да можеме да имаме правна држава во Македонија, значи дека секој од органите треба да си ја извршува својата работа. Органот што јас го водам е орган на државната управа и тој спроведува социјална политика и креира социјални политики, додека има други надлежни институции коишто се истражни органи, органи на прогно итн. што треба да си ја вршат својата работа за да можеме да кажеме дека системот работи, рече Царовска.

Министерката пред околу десетина дена обелодени дека над 12 илјади вработени од кои најголемиот број во изминатите десет години за првпат засновале работен однос, не добивале пари за вториот пензиски фонд и со тоа секој од нив изгубил по околу 400 илјади денари наменети за нивната идна пензија.

Во врска со последниот извештај на „Фридом хаус”, што беше објавен вчера, дека Македонија важи за делумно слободна земја, Царовска, пак, рече дека ако се вратиме само две години наназад бевме сведоци на извештај што кажуваше заробена држава и тоа, рече, се тешки зборови за една држава која што себеси се позиционира како социјална и демократска.

– За само две години да добиеме дека е делумно слободна е огромен скок за нашата држава и ако разговараме денеска со кој и да е во нашиот град, во нашата држава, ќе видите дека она кое што сме го вратиле е слободата на говор, слободата на мисла, слободата на движење. Граѓаните се чувствуваат послободно и тоа е мноу важно за едно општество. Така што јас сум горда што оваа Влада им ја врати слободата на граѓаните да кажат се што размислуваат и да имаме дури и еден период катарзично празнење на различно размислување коишто им беа забранети во изминатите десет години, вели Царовска.

Посочи дека во извештајот сигурно има препораки каде може да се направат дополнителни измени, прилагодувања, ослободувања и за сето тоа има период кога може да се имплементира, но, како што рече, во две години е важно дека од заробена држава сме станале делумно слободна.

Related posts

Професорите Поповски и Фрчкоски едногласни: Иванов го крши Уставот, мора да го потпише указот

24news

„Дарувај од срце” – хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ

Filip

Ципрас: Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе го добие референдумот

24news