April 19, 2019 16:50
Македонија

Царовска: Создаваме фер општество, ги заштитуваме децата

Се грижиме за сите граѓани на Македонија и продолжуваме да градиме фер општество во кое секој е важен. Во собраниска процедура се пакет закони со кои граѓаните ќе ги извлекуваме од сиромаштија и очекувам пратениците наскоро да ги изгласаат, порача министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред многубројните граѓани, кои покажаа интерес да учествуваат на трибината „Фер општество – шанса за сите“, која се одржува денеска во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Општина Штип.

„За Штип има добра вест, во 2019 ќе заврши изградбата на нова градинка со капацитет од 200 деца, со што ќе се затвори проблемот со недостиг на места за згрижување на деца,“ порача Царовска на трибината, додавајќи дека во наредниот период и инвестициски и капацитетно ќе се градат градинките.

Потенцирајќи дека детската сиромаштија е прескапа за земја како нашата и затоа детски и образовен додаток ќе земаат сите деца кои имаат потреба од тоа, за да создадат услови сите деца да имаат редовно образование и да бидат еднакви. Место сегашните 3.200, детски додаток со реформата ќе земаат 73.500 деца, а образовниот го прошируваме за над 64.000 деца место сегашните 3.800.

Царовска подвлече дека кога зборуваме за праведно општество, треба целосно да ја вратиме и социјалната правда во нашата земја.

„Трансферираме пари во социјалните семејствата но и ќе работиме истите да се вратат на пазарот на труд. Новиот концепт е висок минимален гарантиран приход но и брза активација на пазарот на труд на лицата од социјален ризик“, додаде Царовска.

„Во Штип којшто е текстилен град работниците земаа плата која е под нивото на минималната плата. Ние ја зголемивме минималната плата која сега изнесува 12,126 денари со тоа ја отворивме спиралата на раст на плати и просечната плата порасна за 5,6 проценти”, рече Царовска.

Царовска додаде дека е исполнето и долгогодишното барање на рударите да одат во пензија со бенефициран стаж.

Рударите ќе одат во пензија со 40 години стаж за мажи и 35 години стаж за жени. Досега, благодарение на овие законски измени околу 50 рудари ќе заминат во пензија порано, користејќи го бенефицираниот стаж, со што и се обновува работната сила во рударството.

Осврнувајќи се на Гаранцијата за млади, Царовска објасни:

„За да можеме да ја намалиме невработеноста на младите на возраст од 19 до 25 години во Оперативниот план и минатата година и годинава се спроведува младинската гаранција, што не прави единствена држава што не е во ЕУ, а ја имплементира. Се враќа довербата помеѓу Агенцијата за вработување и младите луѓе“, рече Царовска во своето обраќање додавајќи дека очекува вклучување и од бизнис заедницата.

Трибината, каде учествува и министерката за правда Рената Дескоска е интерактивна дебата со граѓаните и заинтересираните субјекти за реализацијата на политиките на праведна социјална реформа која обезбедува фер општество, еднакво за сите.

Нови вести

СДСМ: Сценарија има само во главите на Мицкоски и неговиот ментор Груевски

Filip

„Единствена Македонија“ ги повика граѓаните да не излегуваат да гласаат

Filip

Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори

Filip