July 26, 2021 04:32
Македонија

Царовска: Сите имаме иста желба, учениците на 1 септември да ги видиме во училиште

Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

За време на посетата на битолското основно училиште „Елпида Караманди”, Царовска нагласи дека со примерот и министерот за здравство се во постојана комуникација и наскоро ќе биде донесена одлука.

-Како министерка, заедно со премиерот и министерот за здравство сме во постојана комуникација во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата. Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба. Во оваа пандемија не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме, но и во ваков систем, како држава покажавме дека имавме редовна настава со успешна учебна година. Во наредниот период ќе бидат разгледувани сите параметри и наскоро ќе донесеме одлука која ќе биде споделена со јавноста во врска со враќањето на учениците во училишните клупи на 1 септември, изјави Царовска.

Посочи дека реформскиот процес во основното образование се одвива непречено и согласно предвидените рокови.

-Сите процеси што се зацртани со планот за реализација на новата концепција за основно образование се реализираат во дадените рокови. Концепцијата е донесена, наставните програми за прво одделение се донесени и објавени, наставните програми за четврто одделение се донесени и објавени, повик за пишување наставни материјали и материјали за учење за прво одделени се подготвени во прва тема, а следуваат и другите теми, што значи во функција е цел систем на автори, илустратори и подготвувачи за да може материјалите да се печатат, а истото се однесува за четврто оделение бидејќи селекцијата беше направена во текот на оваа недела и продолжуваат да пишуваат, рече Царовска.

Повиците за компании коишто треба да дигитализираат дел од содржините, додаде министерката, се јавно достапни и наскоро треба да се изврши селекција за да може цел процес во текот на летото да биде завршен, и во септември одговорно и посветено, како што рече, да стартува учебната година со нов концепт за прво и четврто одделение.

-Дополнително, општините во моментов реалоцираат финансиски средства и ги зајакнуваат буџетите за да може да има обезбедување на сите ресурси потребни за четврто одделение, рече Царовска.

На прес-конференција во Битола од МОН информираа дека е објавен повик за заинтересирани компании што ќе работат на ниво на цела држава и кои ќе извршат реконструкција, обновување и опремување на училишните кабинети за природни науки. 

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. 3-D Heaven Episode Full

https://animeflix.nl dragon ball animeflix. SHIMONETA: A Boring World Where the Concept of Dirty Jokes Doesn't Exist Episode 12

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. A Sister's All You Need Episode 12

AnimeFreak Sites Google: https://sites.google.com/view/animefreak-official/home