Search

Царовска: Се разговара со менаџментот на „Еурокомпозит” за надминување на проблемите

– Во „Еурокомпозит” има претставник на капиталот и се разговара со менаџментот за надминувањето на проблемите, изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска при денешната посета на компанијата „Вик” во технолошко-развоната зона кај прилепско Алинци, одговарајќи на прашањето за ситуацијата во наменската фабрика „Еурокомпозит” каде вработените, околу 60,  во последно време протестираат и немаат работа, а им е неизвесна и судбината.

-Владата неколку пати имаше програми со кои ги поддржуваше вработените во „Еурокомпозит”. Веќе 154 вработени кои се прогласени за технолошки вишок, се обештетени со Законот за материјално обезбедување. Сега има претставник на капиталот во компанијата и се разговара со менаџментот кои се опциите за надминувањето на проблемите, изјави Царовска.

Дел од вработените во фабриката и дел прогласени технолошки вишок денеска пред зградата на локалната самоуправа во Прилеп одржаа мирен протест барајќи решавање на проблемите. Прогласените за технолошки вишок бараат парите за исплата на заостанатите придонеси да бидат исплатени според донесениот Закон во Парламентот, а вработените бараат барем да имаат работа овие месеци.

-Единстевена можност овие месеци да ги „преживееме” во фабриката ни е да се валоризира договорот склучен со МВР во 2015 година. Дел репроматеријали за половина од количеството производи, имаме. Да се потпише анекс на договорот кој е активен, и дел производи да ги испорачаме и да ни платат. Со остатокот да си докупиме материјали за да го доиспорачаме тој договор. Од него има барем три-четири плати да „преживееме” по изборите, па да се договараме со новата влада, вели Жарко Орданоски, вработен во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит”.

Треба да знаете
Последни објави