February 27, 2021 22:37
Македонија

Царовска: Реформите имаат пилот проект во три училишта, наставниците се презадоволни од оствареното

„Во две основни училишта се имплементира овој тип на програма и во едно средно, да не зборувам приватните, пилот проект веќе постои, веројатно оние кои заземале став немале претходно анализа на постојниот образовен систем. Тоа постои како програма и може да се сретнете со наставниците кои ја имплементираат и кои се презадоволни.“ – изјави министерката за образование, Мила Царовска, во вестите на Сител, нагласувајќи дека ако пилот проектот дава резултати, тогаш сериозната имплементација на новиот концепт ќе создаде паметни деца, конкуретни на пазарот на труд. Истакна дека секоја реформа што ќе следува ќе му донесе подобро на образованието отколку она што го имаме денес. „Се што ќе направиме е подобро од тоа што е денес, заради тоа што нашите резултати на меѓународните тестирања како и на домашните тестирање покажуваат функционална неписменост кај нашите ученици. Нашите ученици не се помалку интелегентни од другите ученици само им треба квалитетно образование коешто ќе ги донесе до врвот. За прв пат за реформи во образованието зборуваме во државата, до сега сите концепции што се носени, сите програми сите реформи заради тоа што се во надлежност на МОН немало дискусија , кога засегнати страни досега дискутирале за образование? Сега го имаме најтранспарентниот процес и верувајте навистина сум среќна затоа што јас верувам во демократија, верувам во тоа дека секој треба да си го каже ставот и токму затоа многу ги ценам конструктивните коментари.“- рече Царовска на Сител.

Watch Death Note Episode 9 at AnimeHeaven one piece anime heaven

Watch Your Name. Episode Full at ANIMEFLIX attack on titan animeflix