January 19, 2021 13:08
Македонија

Царовска не обезбеди средства за набавка на 40.000 таблети за децата ниту пак одвојува значителен износ за наука

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Мила Царовска

„Мила Царовска ја почна прес конференција со капитални инвестиции во доградба и изградба на училишта како создавање на пристапност на истите за децата со попреченост, меѓутоа во време на КОВИД 19 пандемија кога ученивите во најголем дел не одат на училиште, Царовска не почна со обезбедување на средства за следење на далечинска настава на околу 40.000 деца според нејзината изјава, а најверојатно и повеќе. Ниту спомна инвестиции за обезбедување на ИТ средства во училиштата за следење на настава, ниту за итно обезбедување на соодветна интернет мрежа за поддршка на таа настава.

Нејзиното префрлање на обврските кон општините и директорите со минимално покачување на блок дотациите не обезбедува квалитетно следење на настава во далечина, а не очекуваме ни во иднина тоа да се промени. Ја одобруваме пристапноста на училиштата на децата со попреченост, но Царовска не ги спомна, а ниту во буџетот има јасно определена ставка за образовни и лични асистенти кои на учениците со попреченост во овој момент им се крајно неопходни.

Во овој момент не можеме а да не кажеме дека одреден број на родители се жалат на регресија на состојбата на нивните деца.

Царовска ги спомна регионалните центри за стручна наобразба на младите но не спомна опремување на лаборатории, доопремување и замена на инструменти и техничко технолошки помагала за учениците во другите стручни школи, а уметничките училишта и да не ги спомнуваме.

Средствата определени со буџет за наука се минимални и не обезбедуваат никаков развој во науката, а особено е тешка ситуацијата во Институтот за македонски јазик, македонска литература, фолклор и нацонална историја. Не гледаме ставка за буџетот во нив за овие институции.

Царовска треба да знае дека со ваков буџет не може да си ја оствари целта која сама си ја поставила, да создава креативни и иновативни личности, а особено треба да знае, без оглед дека тврди дека ќе спроведува реформи со нови наставни планови и програми дека такви личности не може да произнесе ниту во една ниту во четири години од што произлегува дека нејзините изјави претставуваат повеќе популизам отколку сериозна намера за промени во образованието.“

Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ