October 27, 2020 15:37
Македонија

Царовска-Коцарев: МОН ја интензивира соработката со академската и експертската јавност

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа работен состанок со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Љупчо Коцарев.

На состанокот, како што соопшти Министерството за образование и наука, се дискутираше за продолжување и зајакнување на соработката меѓу двете институции во делот на науката, но и за создавање образовен процес преку кој идните генерации ќе научат да го почитуваат мултикултурализмот, еднаквоста и општествените вредности.

Министерката Царовска, како што се наведува во соопштението, истакна дека за ресорното Министерство е добредојдена академската и експертската поддршка во создавањето не само на научните, туку и на образовните политики.