February 28, 2021 04:37
Македонија

Царовска: Концепцијата е јавна, дебатата е започната, сите ќе имаат право на мислење

„Концепцијата за реформи во образованието е во период на дебатирање, таа беше објавена пред околу месец, беше поставена на сите социјални медиуми, на веб страната, пуштена во сите релевантни институции и тие требаше да имаат одредени коментари, добивме конструктивни, јас сум среќна што наставници кои се од праксата даваа конструктивни коментари кои што значат поддршка на целиот овој процес. Мислам дека некаде кон средината на февруари или втората недела на февруари таа концепција ќе треба да биде финална. Многу е важно дека низ дебата се обидуваме да прифатиме дел од забелешките, да модифицираме дел за да може таа за сите да значи подобар квалитет во образованието. Со наставниците дојдовме до еден заеднички заклучок дека стравот мора да го надминеме, дека најлесно е како министер да седите и ништо да не поместите и сите ќе доаѓаат ќе викаат „браво, браво“, но зошто? Заради тоа што никого не сте извадиле од конфорната зона?“- коментираше Мила Царовска, министерка за образование, во вестите на Сител. Таа наведе дека во дебатата ќе учевствуваат сите релевантни фактори со цел да се стигне до финалната верзија на концепцијата. „Оваа реформа значи поместување на целиот образовен систем во една сосема поинаква современа димензија затоа што интеграцијата не е непозната за нашиот систем и околу тоа можеме сите да се согласиме. Имаме високообразовни установи, ги имаме МАНУ, имаме Парламент, имаме граѓански и меѓународни организации, и тие треба да завршат до кај петти февруари како дискусии и дебати за сумирање на сите предлози.“- дополни Царовска.

Noblesse Episode 13 at website https://kissanimeonline.com. See more kissanime site

Watch Sword Art Online Alicization War of Underworld Part 2 Episode 11 (https://animeheaven.pro/m/oyea/ep-11) at AnimeHeaven black clover anime heaven