December 2, 2020 01:32
Македонија

Царовска: Децата најлесно се прилагодија на онлајн наставата, училишата максимално ги почитуваат протоколите

Министерката за образование и наука, Мила Царовска во гостување во ТВ Стар, изјави дека по средбите со родителите и учениците пред воведувањето на онлајн наставата, утврдила дека најголемата причина за отпор против била стравот.

-Утврдив дека најголемиот отпор за онлајн наставата беше стравот, дали ќе се навикнат родителите, учениците, наставниците”, рече Царовска и додаде дека децата се тие кои први и многу полесно се прилагодуваат.

-Децата се во системот и се прилагодуваат, за нас е предизвик да седнеме и прочитаме нешто на компјутер, за нив не е , тие таму живеат”, рече Царовска.

Царовска истакна дека училиштата во кои се одржува физичка настава ги почитуваат протоколите за заштита на здравјето. Бројот на заразени наставници од училишта со физичка настава е 12 и 3 ученици.

-Се почитуваат протоколиоте, посебен индикатор ни е епидемиоплошката екипа кажува дека се почитуваат, и затоа немаме целосни изолации, рече Царовска.