October 16, 2021 19:34
Македонија Скопје

Царовска во Карпош: СДСМ гради сегашност и иднина, не смееме да дозволиме други да го кочат овој процес

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, вечерва се сретна со жителите на Општина Карпош,  со кои разговараше за реализираното во изминатиот период , но и за новите проекти, предизвици и очекувања од граѓаните.
„Во изминатите 4 години се работеше вредно и напорно во секоја општина во државата, секако со силна поддршка од централната власт. Оваа силна динамика што ја воспоставивме, мора да продолжи и во следниот мандат. Не смееме да дозволиме никој друг да ни ги кочи процесите и проектите кои ги спроведуваме, а кои се исклучиво во интерес на граѓаните”, рече Царовска.
Потпретседателката истакна, дека изминатиот период се реализираа проекти и процеси кои се од огромно значење за децата, младите, но и за секој граѓанин.
„Во населба Бардовци изградивме целосно нова градинака со капацитет за 78 деца, со вкупна вредност од над 28 милиони денари.
Одговоривме на барањата на родителите и изградивме целосно нов објект во градинката „Мајски Цвет” во Тафталиџе, но и го реконструиравме постојниот објект за што инвестиравме вкупно 17, 6 милиони денари. Исто така, во тек е изградба на градинка во Карпош 3, со капацитет за 100 деца”, рече Царовска.
Дополнително, во сите 10 основни училишта во Карпош се опремуваат кабинети по природни науки, но и сите, 10 улилишта се обезбедени со сензорни соби, а од оваа учебна година на располагање на учениците со попреченост од Општина Карпош се и 30 образовни асистенти, за првпат вработени преку Буџетот на МОН. Царовска посочи дека не изостанува и грижата за младите и за студентите. Со 157,2 милиони денари, е завршена адаптација и санација на на блоковите В и Г од Студентскиот дом Гоце Делчев.
„И не треба да продолжам да кажувам што е најдоброто и кој покажува вистинска грижа. Тоа го гледаме секој ден, го чувствуваме во позитивните промени. Затоа ве повикувам на 17 октомври да го заокружите бројот 12 и да гласате за Душко Весковски и кандидатската листа на СДСМ и коалицијата. Гласајќи за „Најдоброто за мојата општина”, обезбедувате, континуитет на позитивните промени и за подобар живот на сегашните и идните генерации во Карпош”, рече Царовска.

 

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://aniwatch.pro: Watch Zatch Bell! Attack of Mechavulcan aniwatch Episode Full aniwatch

Watch Please☆Teacher! Episode 12

Website https://animeflix.nl: Watch Ranma ½ OVA (Dub) animeflix Episode 6 one piece animeflix

Website https://wcostream.cc: Watch Space Battleship Yamato - Final Chapter wcostream Episode 2 wcostream close enough