December 5, 2021 11:47
Македонија

Царина суспендираше двајца цариници, но тврди автобусот со лиценца една година превезувал патници во странство

Царинската управа на Република Северна Македонија во врска со информациите изнесени во јавноста во однос на нејзините надлежностите при контрола на влез и излез на возила и превозници кои вршат меѓународен слободен превоз на патници, како и за постапувањето по конкретниот случај, информираме за следното:

Согласно член 49 од Законот за превоз во патниот сообраќај, при вршењето на слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај,  во зависност од видот на превозот, превозникот мора да има: извод од лиценца, патен налог во оригинал, евидентен лист за превоз на патници, договор склучен меѓу превозникот и нарачувачот на услугата и правилно и точно пополнет патен лист на пропишан образец, потпишан и заверен од превозникот и заверен од надлежните царински служби.

Врз основа на овие приложени документи, Царинската управа електронски го евидентира превозот и тоа на влез или излез при првото и при второто преминување на возилото преку граничниот премин на Република Северна Македонија, во зависност од релацијата на превозот.

За возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, во периодот од 15.10.2020 година до 11.11.2021 година, Царинската управа има евидентирано повеќе  преминувања, преку граничните премини: ГЦИ Деве Баир, ГЦИ Блаце, ГЦИ Ќафасан и ГЦИ Делчево, за различни видови на превоз, вклучувајќи и евиденција на бројот на Изводот од Лиценцата за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај – слободен превоз на патници. Веродостојноста на овие приложени документи од превозникот дополнително ќе се проверува.

Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници елелектронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници.

За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање.

Министерството за транспорт и врски, пак, попладнево информираше дека после официјално доставените податоци од Министерството за внатрешни работи, а во однос на опожареното возило со регистарски број SK-0284-BA во сопственост на фирмата Беса Транс БТБ, кое уествуваше во сообраќајната несреќа со трагични последици во Република Бугарија,  утврди дека за споменатото возило нема издадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид на јавен превоз на патници.

Согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата Беса Транс БТБ и се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност, велат од министерството.

Поврзани вести

Нови 355 инфицирани од коронавирусот и 15 починати

Valentina

Леб, млеко, зејтин и брашно до Нова година ќе купуваме по иста цена

Valentina

(Видео) Жртвите од несреќата во Бугарија достојно испратени до вечните почивалишта

Igor