January 17, 2021 22:35
Македонија

Цановски за Заев: Дали е совршен? Не е. Дали е предавник? Не е! Таквите се отселуваат на Дунав

Бизнисменот Сефер Цановски застана во одбрана на премиерот Зоран Заев и на својот Фејсбук профил објасни зошто го поддржува лидерот на СДСМ.
„Лесно е да кажеш ФАК ОФ на сите. И да тераш друг пат од европскиот. Ама да си држава како Швајцарија со пари богата. Или пак како Арапите со нафта и гас. Или пак да бевме како Израелците и да се држиме како едно. Ќе ги разберев повиците за откачување на ЕУ и НАТО И сите по список , ама да сме тоа што не сме. Можевме да бидеме. Но не сме. Најмногу поради политиките кои се водеа во минатото. Каде патриотите од ВМРО си го крадеа и осиромашуваа народот додека нивните лидери си правеа миљарди. Патриотите од СДСМ пак во минатото и транзицискиот период каде еден куп компании од бившата Југославија си ги распосла на своите, а вработените на улица.
Таа лажна политика отселуваше, рушеше и не држеше во неизвесност.
Се прашуваме зошто народот посегна по Бугарски пасоши ? Дали поради чувството дека се Бугари? Не. Не е ни за Лев туку за евро и леб во некоја европска држава, таму каде што треба да одиме како држава. Ете тоа е чувството кое резултираше со масовно отселување и спобудалување на нашиот народ отруен од лажен национализам. Сега овие години имаме лидер кој ветуваше и ветува. Кој ризикува и исполнува. Кој се бореше и се бори. Кој е различен, директен и отворен. Кој како и секој човек знае да згреши и да се извини.
Дали е совршен ? Не е. Дали е предавник ? Не е! Таквите се отселуваат на Дунав. Покажа на дело и ја отвори затворената перспектива на државава кон светот. Ги откачуваше и откочува кочниците.
Донесе демократија и слобода. Затоа сега можат слободно секој да го критикува и него и власта.
Да беше Грујо ќе имаше цензура. Ќе имаше страв. Ќе имаше затворања. Претења. Ќе имаше лошо…
Може да го сакате или да не го сакате. Може да го почитувате или да не го почитувате.
Јас и мојата фамилија лично се бориме за правда веќе 10 години и имаме можеби право и да се лутиме на оваа власт што сеуште не донесоа правда. Ама гледам дека судските процеси се движат, нешто се прави да се оди напред со сите препреки. И затоа верувам дека во секоја друга област од политиката која овој човек ја води прави максимум и повеќе од што ние, деструктивен и депресивен народ реално заслужуваме. Верувам повеќе во него одколку во било кој друг политичар во моментов. Поддршка !
П.С.
На сликава со грчкиот европратеник, со нобелката Бушамауи, дадовме поддршка за решавање на спорот со Грција. И се реши. Влеговме во НАТО. Сега е време за ЕУ. Таму ни е местото.
Image may contain: 5 people, people standing and suit