April 15, 2021 10:00
Магазин

Хјундаи повлекува 82.000 електрични автомобили, загуба од 900 милиони долари

јундаи треба да повлече 82.000 електрични автомобили ширум светот и да ги замени нивните батерии, откако 15 автомобили веќе се запалија поради проблеми со батеријата.

Засегнати се релативно мал број автомобили, но ризикот е преголем, па мора да има повлекување на возилата што ќе го чини Хјундаи речиси милијарда долари, поточно 900 милиони долари.

Една батерија чини околу 11.000 американски долари и ова е едно од најскапите повлекувања во историјата на автомобилската индустрија, и секако најголемото во историјата на Хјундаи.

Заменувањето на целата батерија на електричен автомобил е екстремна мерка за која е потребна слична работа и цена како замена на целиот мотор со внатрешно согорување.