November 25, 2020 05:30
Економија

Хјуавеи го продава брендот „Хонор“

Кинеската компанија Хјуавеи го продава брендот на паметни телефони „Хонор“ за да се обиде да го спаси бизнисот погоден од американските санкции. Се продава и целата малопродажба на „Хонор“, но не се познати повеќе детали за тоа.

Хјуавеи претрпе големи загуби поради санкциите што ги блокираат компаниите да пристапуваат до американските компоненти на паметните уреди. САД наведуваат дека компанијата претставува закана за националната безбедност, бидејќи наводно, постои можност за шпионирање за кинеската влада, но Хјуавеи го демантираше тоа.