Свет

Хутите предупредуваат дека саудиски „Арамко” се уште е цел

Јеменските бунтовници Хути, кои презедоа одговорност за нападот на саудиската постројка за производство на нафта „Арамко”, денеска предупредија дека таа постројка се уште е цел и оти може повторно да биде нападната.

Наведувајќи дека постројката, која во саботата претрпе голема штета во напад со дронови, во секој момент може повторно да биде нападната, Хутите ги предупредија странците да го напуштат тој дел на Саудиска Арабија.

Нападите на постројките на „Арамко” биле извршени со дронови со нормални и џет мотори, напиша портпаролот на јеменските Хути на Твитер и ја повика Саудиска Арабија да ја прекине агресијата и блокадата на Јемен.